Дома Твој готвач Мусака од тиквички

Мусака од тиквички

1010
0

Вкусен и лесен ручек кој секој ќе знае како да го подготви…

Тиквичките се една од најлесните летни јадења можете да ги комбинирате на многу начини, ние ви предлагаме еден едноставен, лесен и вкусен рецепт.

Состојки:
300 гр мелено месо
4 јајца,
1 кромид
4 чешниња лук
2 тиквички,
сол и бибер
масло
пипер
4-5 лажици брашно
100 гр лебни трошки
2 моркови
1 павлака
сирење

Подготовка:

Пропржете сецкан кромид на масло, додадете исецкан морков, па додадете го меленото месо и убаво испржете го и додадете со црвен пипер, бибер и сецкан лук.
Излупете ги тиквичките, испече мги на кругови и посолете ги, па оставете ги да отстои околу 30 минути. Исцедете ги тиквичките. Изматете 2 јајца. Подмачкајте ја тавата со масло.

Поминете ја секој круг тиквичка преку брашно, јајца и презла и распоредете ги на дното на тавата. Над нив ставете неколку лажици пржено месо, потоа тиквички и потоа месо, сè додека не го потрошите месото. Завршете најгоре со тиквички.
Изматете ги преостанатите две јајца, додадете ја павлаката, па израмнете ја ситно и прелијте со тиквички.
Изрендајте го сирењето одозгора. Печете на 200 степени Ц околу 40 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име