Лекот не дозволува вирусот да се размножува и ги спречува најтешките форми на болеста…
Руското Министерство за здравство одобри Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА) да ја изврши третата фаза од клиничкото тестирање на антиковид лекот Мир-19. Тестовите ќе се вршат во 11 медицински установи, а ќе учествуваат 1.274 пациенти, пренесува Танјуг.
Руското Министерство за здравство го регистрираше Мир-19 на 22 декември, а лекот беше развиен од руската ФМБА за лекување на инфекција со коронавирус.
Лекот не дозволува вирусот да се размножува и ги спречува најтешките форми на болеста, како што се пневмонија или акутен респираторен дистрес синдром. Во моментов, лекот се тестира само во болниците.