Дома Позитив на денот Меѓународен ден на чајот

Меѓународен ден на чајот

1050
0

Денес 15ти декември е меѓународниот ден на чајот, ден на најпопуларниот пијалок во светот. Денешниот ден главно се обидува да ја подигне свеста за влијанието на трговијата со чај врз земјоделците и работниците, но исто така го слават и љубителите на чајот ширум светот. Дали знаевте дека чајот потекнува од Кина? Најчесто се користел за медицински цели сè до 17 век кога чајот се пробил до Велика Британија. Овој меѓународен ден започнал да се обележува од 2005 година, но во 2019 година Обединетите нации воведоа нов Меѓународен ден на чајот на 21 мај. Ние, се разбира, можеме да ги славиме и двата, кој не сака двоен чај?

Нема подобар начин да го започнеме денот со пријатен вкус и арома на чај. Легендите велат дека чајот првпат бил откриен пред повеќе од 4000 години во Кина од страна на императорот Нун Шен.

Во основа постојат шест различни видови на чај: црни, бели, жолти, улун и пујар.

Чајот наутро буди, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Напладне опушта, го обновува и го прочистува организмот, го олеснува варењето и на организмот му ја враќа потребната вода. Навечер не’ опушта после напорниот ден, не’ смирува, не’ заспива, ни нуди чувство на мир и задоволство и гарантира добар сон. Во зима чајот не’ топли, опушта, ни ги исполнува долгите вечери, ја буди волјата. На лето не’ освежува, го намалува потењето, му обезбедува на организмот поголемо количество на вода, витамини, и го чисти од токсини.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име