Многу студии покажаа дека еден вид масло за јадење може да го намали ризикот од рак за 30 проценти, а сето тоа благодарение на неговиот уникатен антиоксидативен ефект.
Превенцијата на рак е број еден кога зборуваме за оваа болест.
За среќа, постојат одредени состојки кои можат да го попречат растот и развојот на ракот благодарение на нивната антиоксидантна активност.
Овие ефекти се особено забележливи кај луѓето кои редовно консумираат маслиново масло. Има се повеќе докази кои го поддржуваат ставот дека компонентата на маслиновото масло обезбедува заштита од развој на неколку видови на рак, според мета-анализата од 2022 година објавена во списанието „Plos one“.
Студијата откри значајни разлики во ризикот од рак меѓу поединците кои консумираат маслиново масло и оние кои не консумираат.
Поволното дејство на маслиновото масло во голема мера се припишува на неговиот исклучителен состав, богат со монозаситени масни киселини и фенолни соединенија.
Во заклучокот од анализата се наведува дека маслиновото масло има голем број заштитни ефекти против развојот на ракот и дека понатамошните истражувања би можеле да дадат подобар увид во тоа која точно е улогата на маслиновото масло во превенцијата од рак.