Маслинките потекнуваат од источниот дел на Средоземното Море, но сега се широко распространети низ Медитеранот, како и во други земји и континенти. Маслиновото дрво е трнливо. Може да достигне висина од два метри. Листовите се сиво-зелени, влакнести одвнатре. Цветовите се жолтеникаво бели и миризливи. Овие мали зелени плодови се ризница на витамини, минерали, макро и микронутриенти кои се важни и за здравјето на коските и за сјајот на кожата.
Го забавуваат стареењето
Маслинките имаат моќни антиоксидантни својства. Тие се богати со витамини А и Е, кои го штитат телото од оштетување на слободните радикали, спречувајќи ги оксидативните процеси. Оксидацијата не само што може да предизвика развој на хронични болести, туку и значително да го забрза процесот на стареење. Антиоксидантната вредност на маслинките се зголемува со високата содржина на лутеин и полифеноли.
Го одржуваат срцето здраво
Редовното консумирање маслинки обезбедува превенција од кардиоваскуларни заболувања. Поради високата содржина на олеинска киселина, тие се способни да го стимулираат производството на „добриот“ холестерол и да го блокираат „лошиот“. Покрај тоа, маслинките се богати со природни минерали кои го зајакнуваат срцевиот мускул и васкуларните ѕидови, заштитувајќи ги од оксидација и калцификација.
Ги зајакнуваат коските
Друга важна карактеристика на маслинките е тоа што значително го подобруваат здравјето на коските и го спречуваат развојот на остеопороза. Оваа болест се карактеризира со промени поврзани со возраста во структурата на коскеното ткиво, како резултат на што станува кревка. Ваквите промени почнуваат да се случуваат во телото по 25 години, па затоа треба да се започне со превенција што е можно порано.
Помагаат за слабеење
Иако се доста калорични, маслинките можат да помогнат во ефективно слабеење. Тие содржат мононезаситени масни киселини – „здрави“ масти. Бројни студии потврдија дека редовното консумирање на незаситени (со целосно или барем делумно отстранување на заситените) масни киселини доведува до здраво слабеење и нормализирање на многу процеси во организмот.
Покрај плодот и малиновото маслото, лековити својства имаат и чајот:
Маслиново масло
Ја регулира столицата, помага за излачување на камења во жолчката, а служи и како основа за производство на масти против кожни болести. Го спречува дејството на разни бактерии. На децата кои боледуваат од рахитис им се дава една лажичка масло после јадење.
Чајот од маслиново лист помага против висок крвен притисок
Сварете 20 листови во 3 дл вода додека не зоврие во 2 дл, па процедете и засладете со мед. Се пие наутро и навечер пред јадење. Помага со проширување на крвните садови. Секако чајот почнете да го употребувате со претходна консултација со лекар.