Дома Живот Магнезиумот диктира како спиете…

Магнезиумот диктира како спиете…

981
0

Од што се соништа? Според новата студија, се чини дека се направени од магнезиум. Научниците велат дека токму овој минерал е магичен фактор за одржување на ритамот на спиењето.

Истражувачите од Универзитетот во Единбург тврдат дека магнезиумот , кој се наоѓа во јаткастите плодови, рибите и темниот лиснат зеленчук, помага во регулирање на деноноќниот ритам (внатрешниот часовник на организмот) кој предвидува време на будење и ги регулира хормоните и телесната температура.
Веќе е познато дека нивото на магнезиум варира во текот на денот , бидејќи минералот е суштински дел од механизмот со кој клетките ги претвораат хранливите материи во енергија. Но, големата вест од истражувачите е дека магнезиумот исто така контролира кога и како се случува конверзијата на енергијата.

На пример, нивото на магнезиум ќе биде високо наутро, дозволувајќи му на телото да извршува разни активности во текот на денот. Сепак, во текот на ноќта нивото на магнезиум паѓа, дозволувајќи му на телото да се одмори.

Затоа, проверете дали го снабдувате вашето тело со овој минерал секој ден. Можете да најдете магнезиум во спанаќ, јогурт, бадеми, авокадо, грав и темно чоколадо .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име