Дома Твој готвач ЛУК СТАПЧИЊА (рецепт)

ЛУК СТАПЧИЊА (рецепт)

1250
0

Одлични лук стапчиња, брзи и лесни за подготовка, а вкусни како грицки за празничните денови…



Состојки:

250 гр лиснато тесто,

сол,

лук во гранули,

сусам,

семе од афион.

Подготовка:

Лиснатото тесто се остава да се одмрзне на собна температура. Потоа лиснатото тесто развлечете го на лесно набрашнета работна површина и посипете со сол и лук и сусам и семе од афион по желба.

Исечете тесни ленти од тестото и лесно завиткајте ја секоја околу својата оска. Стапчињата оставете ги да отстојат половина час. Загрејте ја рерната на 220 степени. Печете ги околу 15 мин. оставете ги да се изладат и послужете…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име