Дома Здравје Лукот е навистина здрав и токму тука најмногу помага

Лукот е навистина здрав и токму тука најмногу помага

873
0

Различни култури го користеле лукот со векови за лекување на здравствени состојби кои се движат од инфекции и дигестивни проблеми до срцеви заболувања и артритис. Современите истражувања потврдија некои од овие придобивки. Ви претставуваме само дел од карактеристиките на оваа лековита храна:

Здравје на срцето

Иако постојат мешани заклучоци за тоа колку лукот има позитивен ефект врз холестеролот, се чини дека истражувањата покажуваат дека тој може да има корисен ефект врз крвниот притисок . Неколку студии покажаа дека лукот како додаток во исхраната им помага на луѓето кои веќе имаат хипертензија да го намалат високиот крвен притисок.

Научниците веруваат дека црвените крвни зрнца го претвораат сулфурот од лукот во водороден сулфид, кој потоа ги шири крвните садови, што го олеснува регулирањето на крвниот притисок, како што објаснува Клиниката во Кливленд.

Спречува и запира настинки

Сакате да избегнете настинка на природен начин. Полн со антиоксиданси , лукот може да има големо влијание во сезоната на настинки и грип. Но, клучната состојка е фитохемискиот алицин. Една британска студија покажа дека луѓето кои земале додатоци на алицин имале 46 отсто помалку настинки и побрзо закрепнувале од оние кои не земале.

Во друга студија објавена во списанието American Family Physician, истражувачите од Индијана откриле дека редовното земање лук може да го намали бројот на настинки, но не и колку долго траат.

Косата и кожата

Некои истражувања сугерираат дека алицинот во лукот може да го спречи опаѓањето на косата, а неговите природни антимикробни својства можат да одржуваат здрава коса и скалп.

Го зајакнува имунитетот

Свежиот и варен лук помага во зајакнувањето на имунитетот, како што е соопштено од Клиниката во Кливленд. Според студијата за здравјето на жените, жените кои редовно консумирале лук, овошје и зеленчук имале 35 отсто помал ризик од рак на дебелото црево.

Експертскиот панел организиран од Светскиот фонд за истражување на ракот и Американскиот институт за истражување на ракот, исто така, заклучи дека редовното консумирање лук е заштитен фактор против колоректалниот карцином. Сепак, други студии не го потврдија ова, како што објави Mother Nature Network.

Помага при дијабетес

Во анализа на девет клинички испитувања во кои учествувале 768 пациенти со дијабетес тип 2, истражувачите откриле позитивни резултати кај оние кои земале додатоци со лук. Пациентите кои земале 50 до 1.500 мг лук (додатоци во исхраната) секој ден два или три месеци имале значително намалување на нивото на гликоза во крвта.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име