Дома Здравје Лекарите открија што јадат за појадок за да го зачуваат здравјето на...

Лекарите открија што јадат за појадок за да го зачуваат здравјето на мозокот!

904
0

Лекарите открија што јадат за појадок за да го зачуваат здравјето на мозокот!

Неврологот Мона Бахут откри како да го започнете денот и каков појадок обезбедува добро здравје на мозокот.
Она што го јадеме за појадок може да го подобри здравјето на нашиот мозок и да ни обезбеди доволно енергија за да го започнеме денот, велат лекарите.


Докторката Мона Бахут го започнува денот со чаша вода.

  • Водата е одлична за почеток на денот. Треба да се пие пред јадење, бидејќи спречува дехидрација и овозможува проток на крв во мозокот- изјави таа за Today.

Нејзината колешка, неврологот Лора Стајн исто така го започнува денот со чаша вода, со која јаде банана.

И двајцата лекари ги следат принципите на медитеранската исхрана. Тоа значи дека нивната исхрана се базира на свежо овошје и зеленчук, мешунки, цели зрна и посни протеини (особено риба), како и здрави масти.

Двајцата лекари истакнуваат дека за појадок избегнуваат да јадат житарки полни со шеќер и пецива. Тие исто така забележуваат дека шеќерот понекогаш се крие во јогуртот.

  • Навистина е важно да се читаат етикетите бидејќи многу шеќер се крие во многу намирници, особено оние кои ги јадеме за појадок. Таквата храна нема никаква вредност за здравјето на телото или мозокот- истакна др. Бахут.

Избегнуваат и мрсно и преработено месо, што значи дека никогаш не го започнуваат денот со сланина или колбаси. Посебно внимание посветуваат на внесот на сол.

За појадок, лекарите препорачуваат овесна каша со бобинки, јогурт или свежо сирење со јаткасти плодови или гранола, омлет со зеленчук, лосос и авокадо со леб од цели зрна, смути со бобинки, зелен зеленчук и јаткасти плодови и кафе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име