КРЕМАСТА КОМПИР САЛАТА
СОСТОЈКИ:
6 средни компири
1 лажиче (5 ml) сол
1 лажица сенф
сок од лимон
бибер по вкус
½ чаша (125 ml) мајонез,
½ чаша (125 ml) павлака
1 лажица (15 ml) сецкан свеж магдонос
1 ½ црвена или зелена пиперка,
1 ½ кромид, ситно сецкан
1 тврдо варено јајце,
МЕТОД:
- Во тенџере со вода ставете компири и ½ лажичка сол. Оставете да зоврие и варете додека не омекне. Оставете да се излади, излупете и исечете ги на коцки.
- Се мешаат сенфот, остатокот од солта, сокот од лимон, биберот, мајонезот, павлаката, пиперката и магдоносот.
- Додадете го кромидот
- Посипете со јајце и послужете како прилог.