Дома Интересно Кралицата Елизабета сега има свој кечап, еве колку чини едно шише

Кралицата Елизабета сега има свој кечап, еве колку чини едно шише

1129
0


Кралицата Елизабета Втора не мирува ниту на 96 години, а сега лансираше свој бренд со био производи.

Имено, кралицата лансираше бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот People.

„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап.

Секако, главната состојка е доматот, но овој кечап содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини.

Позната е и цената на овој популарен додаток. За шише од 300 милилитри, треба да потрошите околу 9 долари или околу 500 денари.

Да потсетиме, нејзиниот поранешен готвач Дарен Мекгрејди откри дека кралицата обожава хамбургери, но ги јаде без пецива со вилушка и нож, а наместо кечап користела брусница.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име