Дома Здравје Кој зеленчук е најдобар за смути?

Кој зеленчук е најдобар за смути?

791
0

Подготвувајќи смути со зеленчук, ќе го зголемите внесувањето на хранливи состојки на вкусно едноставен начин. Можеби не сте љубител на овој зеленчук, но во составот на смути тешко дека ќе го почувствувате нивниот вкус.

Спанаќ

Тој е многу добар извор на железо и експертите препорачуваат да не го загревате премногу. Затоа подготовката на смути со спанаќ е одличен избор.

Грашок

Грашокот е многу добар извор на протеини. Смутито од грашок може да биде замена за редовен оброк. Грашокот има благ вкус и оди добро со бобинки и манго.

Краставици

Свежите краставици ќе го направат смутито освежително и уште повкусно. Краставицата се состои од голем процент вода, што значи дека е многу добра за хидратација.

Брокула

Брокулата е една од најздравите намирници. Тоа е многу добар извор на диетални влакна, витамини А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име