Сè уште не сте ги пробале овие ултра вкусни коцки од кокос?! Крајно време е! Се подготвуваат едноставно и лесно, а се многу вкусни!!! Фантастичната комбинација на чоколадо и кокос е она што ја прави овај десерт вистинско уживање за сите сетила!
Состојки
Основа
150 гр лешници (печени)
4 лажици кокосово брашно
85 гр јаворов сируп или мед
25 g какао во прав
2 и 1/2 лажици кокосово масло
Слој од кокос
1 и 1/2 лименки полномасен крем од кокос / млеко (цврст дел)
3 лажици кокосово масло
4 лажици путер од кокос
100 гр незасладен рендан кокос
85 гр јаворов сируп или мед
Чоколаден прелив
1/2 лименка полномасно незасладено кокосово млеко
100 гр чоколадо
1 лажица јаворов сируп или мед
Подготовка
Покријте го садот со пластична фолија. Во блендер ставете ги лешниците, кокосовото брашно, какаото и мешајте додека лешниците не станат ситни. Додадете јаворов сируп и кокосово масло и мешајте додека масата не стане густа. Се ставаат во плех и се оставаат во замрзнувач околу 10 минути.
За да го подготвите слојот од кокос, во тавата додајте го цврстиот дел од кремот од кокос/млечен, кокосовото масло, кокосовиот путер и јаворов сируп и измешајте на средна температура. Додадете го ренданиот кокос и убаво измешајте.
Додадете ја смесата од кокос во плехот и вратете ја во замрзнувач и оставете 1-2 часа.
Во меѓувреме подгответе го чоколадниот прелив. Додадете кокосово млеко во тавата и загрејте на средна топлина. Додадете го чоколадото и мешајте додека целосно не се растопи.
Се прелива слој од кокос со чоколадо и се враќа во замрзнувач и се остава 20-30 минути.
Исечете на коцки и уживајте.
Извор: www.delight-fuel.com