Европа е западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата кој се нарекува Евроазија, иако природно е поврзана со Азија, поради историски, културни, политички и стопански одлики се издвојува како посебен континент.
Се наоѓа северно од екваторот и на исток од Гринич (најголемиот дел од Европа).
Континентот се простира меѓу Средоземното Море на југ и Арктичкиот Океан на север и меѓу Атлантскиот Океан на запад и планината Урал на исток.
Европа зафаќа површина од 10 милиони км2, а тоа е 2% од површината на Земјата и 7,5% од копното на Земјата.
Со оваа површина Европа го зазема 6 место помеѓу 7-те континенти, единствено е поголема од континентот Австралија.
Денес во Европа живеат околу 748 милиони жители, распоредени во 45 држави, поголеми држави во Европа се: Русија (европскиот дел), Германија, Украина, Франција, Италија, Велика Британија, а дали знаете кои се другите држави кои се наоѓаат во Европа? Притиснете тука
Проф. Тодорче Тановски