Сочен колач со кокос и чоколадо без јајца.
Состојки:
(мерна чаша од 2 dl)
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млеко
- 1 чаша масло
- 1 чаша кокос
- 1 ванилин шеќер
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
Глазура:
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка:
По тој редослед измешајте ги сите состојки со процесор за храна. Истурете во мала, подмачкана и набрашнета тава и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Чоколадото со маслото растопете го на пареа и прелијте го колачот. Кога ќе се стврдне глазурата можете да ја исечете.
Извор: Coolinarika