Колачиња кои се топат во уста.
Состојки:
- 150 гр мелени ореви
- 150 гр шеќер
- 300 гр брашно
- 170 гр путер
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 јајце
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и направете крцкаво тесто. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.
Обликувајте го тестото во мали топчиња. Ставете го на плех обложен со хартија за печење и секое топче притиснете го со задниот дел од лажицата.
Ставете го плехот во загреана рерна и печете на 200 степени околу 10 минути.
По желба посипете со шеќер во прав или прелијте со растопено чоколадо.
Добар апетит!