Дома Твој готвач КОЛАЧИЊА ОД ЛИМОН И КОКОС: Крцкави и фини, а се подготвуваат брзо...

КОЛАЧИЊА ОД ЛИМОН И КОКОС: Крцкави и фини, а се подготвуваат брзо и лесно

2864
0

КОЛАЧИЊА ОД ЛИМОН И КОКОС: Крцкави и фини, а се подготвуваат брзо и лесно

Пробајте едноставен рецепт за фини и крцкави колачиња од кокос и лимон!

Состојки:

Бисквит:

100 гр шеќер

120 гр путер на собна температура

1 јајце

50 мл сок од лимон

рендана кора од 1 поголем лимон

100 гр кокос

190 гр обично брашно

1/2 прашок за пециво

прстофат сол

Друго:

шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте шеќер со путер на собна температура. Додадете ги јајцата и сокот од лимон и ренданата и кората од лимонот и повторно измешајте сè добро.

На крајот додадете го кокосот, брашното, прашокот за пециво и солта и измешајте ја смесата со процесор за храна за сите состојки добро да се соединат.

Чувајте ја смесата во фрижидер најмалку еден час. Кога доволно ќе се стврдне, формирајте топчиња со големина на помал орев, валкајте ги во шеќер во прав и ставете ги на плех покриен со мрсна хартија.

Печете ги бисквитите 8-10 минути на температура од 180 °C, внимавајќи да не потемнат. Печените бисквити се уште се малку меки на допир, но ќе се стврднат додека се ладат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име