Кога ќе се родат бебињара, тие имаат има многу слаби мускули на вратот, но во скоро време добиваат доволно сила сами да ја кренат главата.
Најпрвин, вратот на бебето е премногу слаб за да ја држи главата. Како што расте бебето, мускулите на вратот стануваат посилни. По само два месеци, може да забележите дека лежејќи на стомак полека се обидува да ја крене главата, дури и само неколку секунди. Бебето потоа може да ја крене главата за 45 степени.
До третиот месец, бебето може да ја крене главата 90 степени и полека да ги крева рацете. И покрај овие подобрувања, ќе треба да ја држите главата на вашето бебе кога се храните или играте со него.
Околу четири месеци на повеќето бебиња нема да им треба поддршка, на пет или шест месеци бебињата имаат целосна контрола над главата. Во овој момент, бебето правилно ќе ја држи главата, дури и ќе седи исправено.
Иако мускулите на вратот на вашето бебе се градат постепено, и вие можете да преземете неколку чекори за да го забрзате овој процес. Ставањето на бебето на стомак ќе помогне побрзо да ги гради мускулите на вратот. Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува да го ставате вашето бебе на стомак додека е во скут неколку минути два до три пати на ден. Постепено зголемувајте го времето што вашето дете го поминува на стомак се додека не достигнете вкупно 20 минути на сесија.
Ако на вашето бебе не му се допаѓа позицијата на стомакот, не попуштајте, мора да се навикне. На пример, легнете со вашето бебе и направете го искуството позабавно. Ставете шарени играчки наоколу или користете разнобоен килим. Секогаш следете го вашето бебе додека е на стомак.