Солени закуски одлични за појадок, ужина или вечера.
Состојки:
550 гр брашно,
1 сув квасец,
1,5 лажички прашок за пециво,
1 белка од јајце,
1 лажица шеќер,
250 мл млеко,
30 гр путер,
80 гр кисела павлака.
За премачкување:
1 жолчка од јајце,
малку вода,
семиња, по желба.
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки. Млекото и путерот загрејте ги додека не станат млаки, па во смесата додајте го брашното како и белките и павлаката и сè убаво измешајте. Оставете го да одмори 30 минути.
Подгответе плех обложен со хартија за печење. Тестото ставете го на набрашнета површина, направете го да не се залепи и поделете го на два еднакви дела.
Двата дела посукајте ги ги во колку што е можно поголем круг, па исечете ги на триаголници со саканата големина. Завиткајте ги од поширокиот дел кон потенкиот и ставете ги на плех. Оставете да отстои 20 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Кифличките премачкајте ги со мешавина од жолчка и малку вода, посипете ги со семки по желба и печете 20-25 минути.