Чудесното кралство во кинескиот град Харбин е создадено од 180.000 кубни метри мраз и половина милион кубни метри снег! „Светот на снегот и мразот“ е најголемата атракција на фестивалот посветен на зимската магија, се простира на 600.000 квадратни метри и благодарение на градбите од бајките се враќаш во детството додека да трепнеш.
Кинескиот град Харбин, на североистокот на земјата, е најпознат по едномесечниот Меѓународен фестивал на снег и мраз.
Во вистински град на снег и мраз, работниците работеа напорно за да направат вистински замоци, скулптури, лизгалишта. И сето тоа на релативно умерена температура од минус 15 Целзиусови степени.
Жителите на Харбин тврдат дека ова е невообичаено топла зима, па како помош биле ставени во функција машини за правење вештачки снег. Најголема атракција е „Светот на снегот и мразот“, чија изработка чинела 19 милиони долари.
Организаторите се надеваат дека ќе привлечат 1,3 милиони туристи.
Режисерот на „Светот на снегот и мразот“, Жао Хонџун, откри дека на светот му биле потребни 17 дена да биде подготвен.
„Светот зафаќа површина од 600.000 квадратни метри. Искористени се 180.000 кубни метри мраз и половина милион кубни метри снег. Фигурите се меѓу највисоките во светот“, прецизира Хонџун.
Во најсеверниот и најстудениот кинески град, на самиот раб на Сибир, температурата може да стои на 40 степени под нулата половина година.
Фестивалот постои од 1963 година.
Погледнете го видеото…