Дома Здравје Кељот и брокулата ги штитат зглобовите

Кељот и брокулата ги штитат зглобовите

831
0

За луѓето со ревматоиден артритис и остеоартритис, лекарите не нудат специфичен лек.

Имено, невозможно е да се вратат оштетените зглобови и неуспешната ‘рскавица во првобитната состојба.

Но, британските експерти открија дека симптомите на овие болести може да се ублажат со здрава исхрана која вклучува што повеќе јадења со кељ и брокула.

Резултатите од истражувањето спроведено на животни покажале дека сулфорафанот од овој зеленчук може да го намали оштетувањето на зглобовите предизвикано од артритис, но и дека делува превентивно и како аналгетик во случај да имате болки во зглобовите.

„Резултатите од студијата се ветувачки, така што лекувањето на артритисот со сулфорафан би можело да биде многу ефикасно во блиска иднина “, рече Иан Кларк, водечки автор на студијата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име