Дома Здравје Кефир е одличен за здравјето, дознајте зошто…

Кефир е одличен за здравјето, дознајте зошто…

1287
0

Со специфичен вкус, овој млечен напиток треба да се најде на вашето дневно мени. А еве зошто!

Здравствени придобивки

Богат со хранливи материи

Кефирот е ферментирано млеко, кое обично се прави од кравјо или козјо млеко. Потекнува од Источна Европа и Југозападна Азија, а името го добил по турскиот збор „keyfir“ што значи „да се чувствуваш добро“ после конзумирање.

Една шолја кефир содржи само 100 калории, 4 грама протеини, 10% од дневниот внес на калциум и фибофлавин, 12% од дневните потреби за витамин Б12, а содржи и магнезиум и фосфор.

Моќен пробиотик

Верувале или не – кефирот е помоќен пробиотик од јогуртот. Покрај тоа, тој е одличен за цревната флора и го штити организмот од инфекции. Истражувањата покажаа дека овој млечен напиток го спречува растот на бактериите како салмонела, хеликобактер пилори и ешерихија коли.

Силни коски

Благодарение на хранливите материи (калциум и витамин К2), кефирот ги зајакнува коските и штити од фрактури. Покрај тоа, редовното консумирање кефир го намалува ризикот од остеопороза.

Заштита од рак

Пробиотиците во ферментираните млечни производи го намалуваат ризикот од раст на туморот преку стимулирање на имунолошкиот систем. Затоа, според некои студии, кефирот го намалува ризикот од рак. Имено, едно истражување покажало дека екстрактот од кефир го намалува бројот на клетките на ракот на дојката за 56%.

Ниско ниво на лактоза

Млечните производи содржат природен шеќер лактоза, што е проблем за многумина доколку страдаат од нетолеранција на овој шеќер.

Сепак, млечно киселинските бактерии во ферментираните млечни производи, како кефирот и јогуртот, ја претвораат лактозата во млечна киселина, па овие пијалоци имаат помал процент на лактоза од млекото.

Луѓето кои се нетолерантни на лактоза генерално подобро го поднесуваат кефирот. Исто така, можно е да се направи кефир без лактоза, ако се користи кокосова вода, овошен сок или некој друг пијалок кој не е млечен.

Ги ублажува симптомите на алергија и астма

Реакционите алергии се предизвикани од реакциите на телото на одредена супстанција или храна. Научните студии покажаа дека кефирот ги забавува воспалителните процеси поврзани со алергии и астма.

Направете свој кефир

СОСТОЈКИ:

Една до две лажици кефир (може да се најде во продавниците за здрава храна)
2 чаши (околу 500 ml) млеко

ПОДГОТОВКА

Истурете ги зрната кефир во сад со млеко и оставете ги на собна температура 12 до 36 часа и тоа е тоа!

Совет плус: наместо млеко, можете да користите растително млеко или кокосова вода, за варијантата без лактоза

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име