Дома Твој готвач Квики грицки (рецепт)

Квики грицки (рецепт)

1747
0

Секој сака да грицка…

Состојки:

  • ½ кг брашно
  • 1 сув квасец
  • 100 мл масло
  • 150 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • ким, црвена слатка или лута пиперка

Подготовка:

Од наведените состојки замесете потврдо тесто. Веднаш поделете го на неколку топчиња. Од секое топче направете тенок и долг валјак, кој со чисти ножици се сече цик-цак – на мали закуски. Се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Додадете уште сирење во плехот и ставете го во загреана рерна на 200 ° C околу 10-15 минути, повремено мешајќи да се испече рамномерно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име