Дома Здравје Кардиолог открива: Им ги забранив овие работи на луѓето

Кардиолог открива: Им ги забранив овие работи на луѓето

726
0

Пред се, важно е да се елиминира сето она што може да има штетно влијание врз најважниот мускул во телото , а еден кардиолог откри кои 9 работи им ги забранил на своите роднини. Еминентен кинески лекар, кардиолог со американска адреса, др. Зилин Ванг, откри кои работи им „забранува“ на луѓето што ги сака за да им го продолжи животниот век.

Чипс

На 100 g пржени компири има 8 грама транс масти, кои не се супстанци од природно потекло, туку производ на повеќекратно загревање на растителни масла. Транс мастите многукратно го зголемуваат холестеролот во крвта и на тој начин го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Црвено и преработено месо

Стековите, меленото месо и сланината многу штетно делуваат на срцето. Бактериите од дигестивниот систем апсорбираат аминокиселини од црвеното месо, со што започнува цел синџир на реакции кои на крајот го зголемуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања – вели кардиологот.

Пржена храна

Готвењето на висока температура создава големи количини транс масти, кои се едни од главните виновници за проблеми со срцето. Во Кина, каде месото обично се пече или варат, срцевите заболувања се поретки.

Пица

Само едно парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4,4 грама се заситени масти. Ако не можете да се откажете од пицата, ограничете се на само едно парче еднаш неделно и направете ја пица од зеленчук.

Бел леб

Редовното консумирање на храна богата со јаглехидрати, како што е белиот леб, го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Високиот гликемиски индекс го зголемува нивото на шеќер во крвта, па научниците се сомневаат дека тоа е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.

Пченкарни снегулки

Станува збор за брзи јаглехидрати полни со шеќер кои го прават инсулинот во телото да дивее.

Сол

Вишокот на сол во телото предизвикува оштетување и блокирање на крвните садови. Не треба да јадете повеќе од 5 грама сол (половина кафена лажичка) дневно.

Инстант супи

Како и повеќето други преработени производи, инстант супите содржат големи количини сол, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, откриваат експертите. Луѓето кои јадат инстант супи 2-3 пати неделно имаат многу поголем ризик од кардиометаболен синдром, кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар.

Енергетски пијалоци

100 ml енергетски пијалок содржи 30 mg кофеин. Ако испиете 300 мл, што е стандарден волумен, ќе внесете 90 мг кофеин, што е како да пиете 3-4 еспреса. Толку кофеин може да предизвика тахикардија, а овие видови пијалоци не се препорачуваат за луѓе кои имаат некакви проблеми со срцето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име