Дома Живот Канадските научници открија која храна ја зголемува потенцијата кај мажите

Канадските научници открија која храна ја зголемува потенцијата кај мажите

526
0

Канадските научници открија која храна ја зголемува потенцијата кај мажите

ГРУПА канадски научници дошле до заклучок дека полифенолите најактивно го стимулираат производството на тестостерон. Затоа, производите заситени со овие супстанции најбрзо го зголемуваат нивото на машките хормони во крвта.

Тестостеронот е хормон кој влијае на многу различни функции во телото. Примарно придонесува за развој на либидото, коскената маса, дистрибуција на масти и производство на црвени крвни зрнца. Тоа влијае и на мускулната маса и сила.

Како што пишува Дејли Мејл, научниците составиле еден вид топ листа на храна богата со полифеноли. Листата вклучува зелен чај, грозје, целер, јаболка, грав и грејпфрут. Овие производи се богати со флавоноиди кои ги активираат гените одговорни за производство на тестостерон. Интересно е што не се споменува месо и други производи кои многу нутриционисти долго време ги нарекуваат главен извор на тестостерон.

Симптомите на низок тестостерон вклучуваат еректилна дисфункција, неплодност, гинекомастија, намален раст на косата, намалена мускулна маса и губење на коскената густина. Покрај диетата, нивото на тестостерон може да се зголеми и со правилно спиење (седум до девет часа), избегнување на стрес и кревање тегови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име