Се чувствувате малку уморно, мрзливо, можеби имате болки во зглобовите? Во ерата на корона, но и зимски сезонски вируси, секој од нас ќе посегне по термометар за да провери дали има треска како еден од главните сигнали дека телото се бори со воспаление или инфекција.
Но, дали знаевте дека постојат два периоди од денот кога ќе постигнете повисоки резултати од вообичаено? Спротивно на тоа, во еден период од денот ќе добиете помали резултати. Лекарите се согласуваат дека има три пати од денот кога не треба да се мери температурата.
Бројни фактори влијаат на телесната температура, а првиот од нив е спиењето. Во текот на ноќта температурата ни опаѓа, а најниската вредност е околу четири часот наутро. Значи, не мерете ја температурата веднаш штом ќе станете, туку почекајте малку телото да се навикне на „будната состојба“, а потоа земете термометар.
Ќе добиете повеќе вредност околу пет попладне, кога нашето ниво на кортизол, хормон на стрес, е највисоко. Кортизолот малку ја зголемува телесната температура, па имајте го тоа на ум ако ја мерите температурата попладне.
Конечно, температурата на телото ќе биде малку покачена по оброкот, затоа не ја мерете веднаш штом ќе станете од масата.
Извор:B92