Дома Здравје ИМУНИТЕТОТ зависи од една работа, а тоа не се ниту витамини ниту...

ИМУНИТЕТОТ зависи од една работа, а тоа не се ниту витамини ниту минерали

15
0

ИМУНИТЕТОТ зависи од една работа, а тоа не се ниту витамини ниту минерали

Околу 70 проценти од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата, така што е јасно дека рамнотежата или нерамнотежата на бактериите во цревата има огромно влијание врз имунитетот.

Здрава исхрана, редовна физичка активност, сон – сето тоа има влијание врз имунолошкиот систем. Кога станува збор за исхраната, многумина ги сметаат витамините за најважни, но алергологот и имунолог Хедер Модеј истакнува дека нешто друго е многу важно.

„Ако навистина сакате да си направите услуга, обрнете внимание на тоа колку влакна добивате секој ден“, истакнува таа.

Зошто влакната се важни за имунитетот

Околу 70 отсто од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата, па јасно е дека рамнотежата или нерамнотежата на бактериите во цревата има извонредно влијание врз имунитетот. И што е важно за одржување на рамнотежата на овие бактерии или микробиом? Погодувате, влакна!

Имено, влакната кои ги јадеме се храна за добрите бактерии во цревата.

„Ако не ги храните овие бактерии, тие нема да можат да ја вршат својата улога во регулирањето на имунолошкиот одговор“, предупредува имунологот Модеј.

Експертите истакнуваат дека повеќето луѓе денес не консумираат доволно влакна. Препорачаниот внес е најмалку 38 грама дневно за мажи и 25 грама за жени, додека просечниот човек консумира само 16 грама.

Лесен начин да го зголемите внесот на влакна, вели имунологот Модеј, е да додадете една лажица ленено семе, на пример, во салата или смути. Чиа семето содржи и многу растителни влакна, но и слатките компири, авокадото, малините…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име