Имате убава боја? Како да направите вашиот тен да трае што подолго
Со овие совети, вашата кожа ќе остане бакарна дури и неколку недели по потемнувањето
Колку пати ви се случило да се вратите од летен одмор со прекрасен тен, а бојата да почне да бледне по само неколку дена?
Факт е дека потемниот тен прави визуелно да изгледате посвежо, поодморено, потонирано, па дури и послабо… облеката подобро стои, а дополнително се истакнува природната убавина, па не е чудно што многумина се трудат на секој можен начин да ја задржат тоа што е можно подолго.
Токму поради оваа причина, добро е да имате неколку трикови во ракавот што ќе ви помогнат да ви трае што подолго исончањето.
Пред се, знајте дека лежењето на сонце без заштитен фактор нема да придонесе потемниот тен да трае подолго. Напротив. Освен што го забрзувате лупењето на кожата, ризикувате да ја оштетите бариерата и да му наштетите на вашето здравје. Затоа кремата за сончање со заштитен фактор мора да биде вашиот чекор број еден кога се изложувате на сончевите зраци, пишува Elle .
Хидратација
Хидратацијата е исклучително важен чекор, и после потемнување и пред тоа, и токму тука лежи тајната на долготрајниот тен. Путери со лековити масла како јојоба се фантастичен начин да ја негувате кожата без да ги затнете порите. Исто така, препорачливо е да користите лосиони кои се специјално дизајнирани за одржување на бојата за да можете да имате исончан тен што е можно подолго.
Туширање со постудена вода
Уште една работа што се препорачува кога ќе се вратите од одмор и не сакате бојата да избледи е да избегнувате туширање со екстремно топла вода. Причината е многу едноставна: топлата вода ја суши кожата, што доведува до побрзо лупење.
Користете благи гелови за туширање
Експертите советуваат да користите лесни, хранливи формули, а особено се добри формули кои не создаваат пена, како и масла за туширање бидејќи ги задржуваат филтрите за сонце и добро ја хидрираат кожата.
Заборавете на грубите пилинг
Механичките пилинг не се нешто што вообичаено се препорачува бидејќи предизвикуваат микрофрактури на кожата и затоа ја забрзуваат појавата на брчки. И покрај тоа, пилингот е многу важен кога сакате да го задржите тенот, но се препорачува да користите понежни производи и тоа не повеќе од 2 пати неделно.
Помеки крпи
Ова правило следи од претходното, а советот е да не користите премногу груби крпи токму затоа што делуваат како механички пилинг. Обидете се да ја отстраните влагата со тапкање, а не со триење. Најдобро би било ако можете да и дозволите на кожата да ја апсорбира влагата. На овој начин ќе му дадете дополнителна доза на хидратација.
Производите за продолжување на тен може да бидат корисни
Нивните формули содржат активни состојки кои ги стимулираат меланоцитите. Бидејќи меланоцитите се во полн замав кога се изложени на сонце и произведуваат нов пигмент во рок од 2 до 3 дена (што доведува до постепено потемнување на кожата), употребата на производи за потемнување ќе помогне да се постигне златен и долготраен тен. Сепак, конзистентноста е важна за добри резултати – затоа применувајте ги овие производи секој ден.
Избегнувајте депилација некое време
По враќањето од летниот одмор, се советува извесно време да се воздржите од овој начин на отстранување на влакна бидејќи може да го зголеми лупењето на кожата.