Дома Живот Зошто ни се насолзуваат очите кога е ладно?

Зошто ни се насолзуваат очите кога е ладно?

1218
0


Сигурно очите ви се насолзуваат кога надвор е ладно, а тоа е, всушност, многу важно.


Зошто ни се насолзуваат очите кога е ладно?Сите знаеме дека очите ни се насолзуваат кога е минус надвор, иако навистина не знаеме зошто. Всушност, постои многу важна причина зошто тоа се случува.

Имено, тоа е начин да ги задржиме очите доволно влажни за да трепкаме и да изгледаме нормално. Кога надворешните температури се пониски, воздухот е посув, што предизвикува нашите очи (како и кожата и усните) да се исушат.

Офталмологот Џејмс Оран објасни дека ветерот и малата влажност доведуваат до солзи во нашите очи. Тоа е всушност реакција на нашето тело која се обидува да се погрижи да видиме што е можно подобро и дека непријатноста од гледањето во надворешниот минус е минимална.

Покрај температурата, влажноста и светлината исто така играат улога во тоа дали нашите очи се полнат со солзи кога ќе излеземе надвор. Одразот на светлината на снегот ги прави нашите очи почувствителни.

Офталмологот вели дека не е лошо секогаш да носите наочари кои ќе ги заштитат очите кога е потребно. Тој исто така предлага доколку имате чувствителни очи, на минус ставете вештачки солзи пред да излезете

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име