Дома Живот Зошто зевањето е „заразно“?

Зошто зевањето е „заразно“?

575
0

Зборуваш со некого и тој зева. Додека се прашувате дали зевал затоа што му здосадило муабетот, така и вие се фаќате како зевате. Човек кој поминува покрај вас ве гледа како се проѕева и набргу и тој се проѕева. Зошто?

Процесот продолжува и поминува од човек на човек, како домино ефект. Науката сè уште истражува што нè тера да зеваме, но добро познат и малку проучен факт е дека – зевањето е „заразно“.

Знаеме дека голем дел од зевањето е предмет на сугестивност. Не треба да гледате личност како зева за да почнете да се прозевате самите; се што треба да направите е да слушнете како некој прозева или само да прочитате за прозевањето за да ја имате истата несакана реакција.

Големи се шансите да прозевате барем еднаш додека ја читате оваа статија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име