Дома Здравје Зошто да пиете сок од цвекло? Го намалува крвниот притисок, го чисти...

Зошто да пиете сок од цвекло? Го намалува крвниот притисок, го чисти организмот, ја зголемува енергијата…

994
0

Цвеклото е храна што дефинитивно треба да биде вклучена во исхраната, а ние ви донесуваме четири рецепти за сок кои помагаат во намалување на крвниот притисок, подобрување на расположението, чистење на организмот…

Цвеклото е фантастична храна и е една од најздравите намирници. Има убава боја, и откако ќе го вклучите во вашата исхрана, повеќе нема да можете да без него. Зошто баш сок од цвекло? Еве неколку причини и неколку рецепти …

Сокот од цвекло го намалува високиот крвен притисок.

Се верува дека сокот од цвекло ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата и ги смирува нервите. Исто така, влијае на здравјето на црниот дроб, бубрезите и мочниот меур.

Сокот од цвекло помага во лекување на камења во бубрезите и стомакот. Ги чисти цревата и помага во борбата против ракот.

Кај жените, цвеклото ги ублажува грчевите во менструалниот циклус и третира анемија.

Покрај лекувањето на проблеми со кожата, сокот од цвекло помага и при проблеми со телесната тежина.

1. Енергетска бомба пред вежбање:

1 портокал или лимон.

1 лист од ќељ.

1 јаболко.

1 морков.

1 помала главичка цвекло.

малку рендан ѓумбир

2. Сок за намалување на крвниот притисок:

1 јаболко.

1 лимон.

2 стапчиња целер.

1 помала главичка цвекло

1 грст спанаќ.

3. Сок од морков и цвекло од цвекло за детоксикација:

1 мал морков.

1 мало парче излупено цвекло.

половина портокал.

1 лажица сок од лимон.

4. Сок од цвекло и морков за енергија.

1 јаболкопарче свеж ѓумбир.

1 исцеден лимон.

4 средни моркови.

половина цвекло

Подготовката на сите сокови е многу едноставна. Исечете го овошјето и зеленчукот на мали парчиња и добро иситнете го во блендер. Доколку е потребно, можете да додадете малку вода ако сокот е премногу густ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име