Дома Твој готвач Зимска крем супа од брокула

Зимска крем супа од брокула

1041
0

Наједноставен рецепт!
Зимското време и студот бараат топла, вкусна и здрава храна која ќе не стопли и ќе му обезбеди на телото доволно енергија и корисни состојки за сите секојдневни предизвици. Затоа оваа сезона е идеална за вкусни, кремасти супи, а покрај оние од тиква, костени или карфиол, одличен избор се и крем супите од брокула!

Токму затоа овој пат ви претставуваме вкусен и лесен рецепт за ова јадење, кој дефинитивно треба да го пробате, дури и ако не сте голем љубител на овој зелен зеленчук. Погледнете го рецептот:

Состојки за 2 лица:

2 лажица масло

2 мелени чешниња лук

1 млад кромид

2 мали брокули, поделени на цветчиња и по потреба исечкани

2 чаши супа од зеленчук

Постапка:

Загрејте го маслото во тава на средна температура. Додадете ситно сечкан лук и кромид, па пржете околу една минута.

Потоа додадете ги цветовите брокула и пропржете 30 секунди. Истурете ја супата од зеленчук, покријте ги шерпите и варете околу 15 минути. Престанете да готвите кога брокулата е доволно мека за да можете да ја прободите со вилушка.

Почекајте супата малку да се олади, па содржината измешајте ја со миксер или блендер. Послужете топло или ладно со малку чили, свеж коријандер или малку павлака по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име