Дома Светски дестинации Земјата без змии во која сите пијат рум, 11 интересни факти за….

Земјата без змии во која сите пијат рум, 11 интересни факти за….

2490
0

11 интересни факти за Јамајка кои е добро да ги знаете….

Јамајка е омилена туристичка дестинација за многумина, и тоа не без причина.

Кристофер Колумбо е официјално првиот Европеец кој ја открил Јамајка во мај 1494 година.

Интересни факти за Јамајка

  1. Во оваа карипска земја живеат околу 2.900.000 жители, од кои повеќето се со африканско потекло. Површината на островот е речиси 11.000 квадратни километри, што го прави трета по големина земја на Големите Антили.
  2. Пред да биде колонизирана, во неа живееле автохтони племиња – Аравак и Таино, кои и го дале името: Шамајка, што во превод од локалниот јазик значи „земја на дрвјата и водата“ или „земја на пролетта“.
  1. На петтиот ден од мај 1494 година, Кристофер Колумбо ја нашол Јамајка и ја прогласил за шпанска сопственост. По 150 години премина во рацете на Англичаните и стана првиот остров на овие простори каде почна да се зборува англискиот јазик.
  1. Јамајка е позната како еден од најголемите извозници на манго, банани и шеќерна трска, но тие не се домашни култури, за разлика од популарните Ackee. Исто така, на овој тропски остров растат над 200 видови орхидеи.
  2. За да се ослободат од стаорците, мангусите биле донесени на островот во 1872 година . Освен стаорци, овие животни слични на мачки ги изеле и речиси сите змии, така што сега речиси и да ги нема на островот, што ја прави Јамајка популарна туристичка дестинација.
  3. Како поранешна колонија, Јамајка е дел од Комонвелтот, а кралицата Елизабета Втора во „земјата на дрвјата и водата“ има свој гувернер – кој има протоколарна функција. Во 1962 година, Јамајка беше првата земја на Карибите која стекна независност.
  4. Од сите земји во светот, само Јамајка има знаме на кое нема црвена, сина или бела боја.
  1. Националниот пијалок на Јамајка е румот.
  2. Ајм Флеминг ги напиша сите 14 продолженија за Џејмс Бонд на Јамајка. Јамајка е позната во светот по своите уметници, меѓу кои е и познатиот Боб Марли. Малку познат факт е дека овој остров произведува најмногу музика по глава на жител.
  1. Најпопуларниот спорт на овој остров е крикетот, а островот е дом на еден од најбрзите луѓе во светот – Усеин Болт. Друга интересна работа кога зборуваме за спорт е тоа што оваа островска земја има свој олимписки тим за боб.
  2. Според некои истражувања, Јамајканците се на врвот на листата на најсреќни луѓе во светот . Необичен, но многу убав факт е дека на овој остров се раѓаат голем број близнаци и тројки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име