Дома Твој готвач За промена: Ќофтиња во бел сос

За промена: Ќофтиња во бел сос

850
0

Ако ви здосадиле класичните ќофтиња во сос од домати, пробајте ги ќофтињата во бел сос од павлака и сенф. Јадењето се прави брзо и лесно.

Состојки:

500 гр мешано мелено месо
1/4 чаша презла
зачини: магдонос, сол, лук, бибер
1 јајце
масло

Сос:

2 лажици брашно
1 лажица сенф
200 гр кисела павлака
400 мл супа од коцка
сол и црн пипер

Подготовка:

Во сад измешајте мелено месо, јајца, презла и зачини.

Измешајте со раце и обликувајте ќофтиња. Пржете ги во загреана тава од сите страни додека не поруменат, па извадете ги во чинија.

Во истата тава додадете уште малку масло. Истурете две полни лажици брашно и мешајте додека не почнат да се формираат грутки. Истурете ја супата и промешајте. Во сосот прелијте ги сенфот и павлаката и мешајте додека се да се соедини. Проверете го вкусот и зачинете со сол и бибер. Вратете ги ќофтињата во сосот и оставете ги да се варат малку заедно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име