Дома Твој готвач ЗА ПОЈАДОК: Турски лебници

ЗА ПОЈАДОК: Турски лебници

1208
0

Турските лебници се многу популарни и вкусни, па ако не сте биле во Турција, обидете се да ги направите дома.

Состојки:

400 гр брашно

250 мл млеко

20 гр свеж квасец

2 супени лажици маслиново масло

1 лажица шеќер

1 лажичка сол

1 жолчка од јајце

сусам и црн сусам

Подготовка:

  1. Квасецот се раствора во млако млеко со шеќер и се остава да нарасне.
  2. Брашното се просејува и се додава додадениот квасец и маслото.
  3. Тестото се замесува со раце додека не стане еластично, па се остава да одмори.
  4. Тестото поделете го на два дела и развлечете го со раце.
  5. Се става во тавче, се премачкува со жолчка и се посипува со црн сусам и сусам.
  6. Се пече во рерна загреана на 220 степени околу 20 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име