Карфиолот е многу популарен зеленчук и секогаш добредојден прилог на масата. Покрај тоа што е исклучително вкусен, тој е богат со хранливи материи. Содржи витамин Ц, фолна киселина и многу минерали. Има многу малку калории.
Истражувањата покажаа дека го намалува ризикот од рак на белите дробови, а поради високата содржина на витамин Ц е одличен за зимските денови.
Може да се подготви на навистина многу начини – зготвен како прилог, со компири како чорба, печен… Денеска ви пренесуваме одличен рецепт.
Состојки за 4 лица:
500 г карфиол
100 г печурки, на пример, шампињони
1 ситно сецкан кромид
1 лажичка маслиново масло
2 лажички сок од лимон
2 лажици балсамико оцет
сол и црн пипер
2 ситно сецкан лук
1 млад кромид
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Измешајте ги сите состојки освен младиот кромид и рамномерно ставете ги во огноотпорен сад кој малку сте го подмачкале со масло.
Се пече во рерна 40-45 минути и повремено се меша.
На крај посипете со исечкан млад кромид.
Извор: allrecipes.com