Дома Психолошки совети Живеењето покрај река или море го подобрува менталното здравје…

Живеењето покрај река или море го подобрува менталното здравје…

730
0

Научниците тврдат дека живеењето покрај река или море го подобрува менталното здравје.
Водата влијае на една личност со намалување на нивото на стрес и вознемиреност. Исто така, охрабрува да се биде физички поактивен, покажа новата студија од Универзитетот во Глазгов Каледонија.
Ова сознание може да биде особено важно за големите градовите бидејќи нивната популација страда повеќе од ментални болести. Тоа е исто така последица на загадувањето на воздухот, пренатрупаноста и недостатокот на социјална поддршка.
Се проценува дека до 2050 година, две од три лица ќе живеат во градовите. Затоа е многу важно да сватиме што ги прави градовите добри за живот.
Значи, повеќе водни површини се еден од начините за подобрување на квалитетот на животот, намалување на загадувањето и температурата на воздухот, објави Светскиот економски форум (СЕФ).

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име