Ако барате начини да ги изгубите вишокот килограми, но немате време и енергија за некои специјални диети, тогаш некои едноставни совети и трикови може да ви помогнат.
Протеински појадок
Јадењето протеин за појадок брзо го започнува метаболизмот, а колку побрзо ги „запалите моторите“, толку е подобро за слабеење. Погрижете се да имате посно месо во секој оброк, од пилешки гради, туна, лосос, јајца, ракчиња, млечни производи со малку маснотии, млеко од соја до грав и леќа.
Контролирајте го јадењето на грицки
Луѓето често јадат грицки бидејќи им е здодевно, а „лекот“ за тоа е топол нискокалоричен пијалок кој треба полека да се пие. Можете да изберете зелен или било кој билен чај. Катехините во зелениот чај го забрзуваат метаболизмот и му помагаат на телото побрзо да ги согорува мастите. Исто така, се препорачува избегнување на млеко и шеќер во чајот.
Џвакајте ја доволно храната
Секој пат кога јадете, погрижете се да го џвакате залакот најмалку 25 пати пред да го голтнете. Варењето започнува во устата благодарение на ензимите и плунката, па така ќе му помогнете на дигестивниот систем со бавно јадење. Ова ќе ви помогне да уживате во храната и да му дозволите на желудникот доволно време да му сигнализира на мозокот кога е полн.
Јадете повќе растителни влакна
Влакната го зголемуваат обемот на храната без да зголемат многу калории. Подолго ќе се чувствувате сити ако јадете влакна, а со тоа ќе избегнете прејадување. Денот можете да го започнете со малку овесна каша.
Зачинете ја храната
Зачините го подобруваат вкусот на храната, но и ги стимулираат пупките за вкус, што ќе ви помогне да добиете чувство на ситост. Кога јадете зачинета храна, јадете ја полека и пијте повеќе вода. Зачините како лут пипер можат да го забрзаат метаболизмот со ослободување на хромони како адреналин.