Дома Твој готвач Една поинаква посна пита со праз и ориз (рецепт)

Една поинаква посна пита со праз и ориз (рецепт)

842
0

Одлична е и кога не постите.

Ако постите во среда и петок, или само на големи празници, ќе ви го олесниме пребарувањето посни рецепти. За појадок или вечера можете да направите пита со праз и ориз. Лесно се прави, па дури и ако никогаш претходно не сте направиле пита, не можете да погрешите.

Состојки :

750 гр кора за гибаница
3 праз
чаша ориз
чаша масло
чаша кисела вода
сув билен зачин
бибер
сол

Подготовка :

Исчистете го и измијте го празот и исечете го на мали прстени. Пропржете го на масло, додадете малку сол и сув билен зачин. Оризот сварете го, исцедете го, па додадете го во празот, зачинете со малку бибер и измешајте. Секоја кора попрскајте ја со кисела вода и наполнете ја целата кора. Наредете ги корите во намрсен плех и така додека не ги потрошите сите. Последната кора не ја филувајте, туку само посипете ја со масло и кисела вода. Ставете ја питата во загреана рерна и печете ја на умерена температура околу 35 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име