Дома Живот Еве што ќе се случи со вашето тело ако ја правите оваа...

Еве што ќе се случи со вашето тело ако ја правите оваа прекрасна вежба само пет минути на ден

982
0

Дали барате најефикасни вежби кои ќе ги зајакнат вашите стомачни мускули и ќе го подобрат држењето на телото? Планк, или издржливост, е најдобро решение.

Вежба Планк

Држете ги лактите директно под рамената; ставете ги зглобовите во согласност со лактите.

Затегнете ги стомачните мускули и запомнете да дишете нормално.

Држете ја таа поза. Почетниците треба да започнат со вебање по 20-30 секунди.

Избегнувајте спуштање на главата, рамената или колковите.

Експертите сметаат дека планк од пет минути на ден е идеална, но секако од почетниците не се очекува да одржат такво темпо. Започнете со пократок период, а потоа постепено продолжете го за пет секунди.

И не мора да издржувате пет минути одеднаш. Направете повеќе серии.

Еве ги промените што ве очекуваат:

Болката во грбот ќе се намали.

Ако се изврши правилно, планк не му штети на ‘рбетот на кој било начин. Издржливоста е вежба која ги гради мускулите без да изврши премногу притисок врз ‘рбетот. Редовно изведување на оваа вежба ќе ја намали болката во грбот. Меѓутоа, ако имате посериозни проблеми со грбот, прво консултирајте се со вашиот лекар.

Стомакот станува поцврст.

Планк е незаменлива вежба кога станува збор за затегнување на абдоминалните мускули и нема штетни последици за грбот, за разлика од некои други вежби од овој тип.

Подобро држење на телото

Планк позитивно влијае на држењето на телото, а рамената и вратот ќе ви бидат многу благодарни за тоа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име