Дома Здравје Еве колку долго тестенините можат да стојат во фрижидер пред да се...

Еве колку долго тестенините можат да стојат во фрижидер пред да се расипат

1070
0

Да имаше натпревар за омилена храна на повеќето луѓе во светот, немаше да се чудиме ако победат тестенините.

Традиционално се прави од пченица, но сега има многу повеќе видови тестенини. Иако сувите тестенини можат да траат речиси со години, можеби се прашувате колку долго е можно да ги чувате тестенините во фрижидер откако ќе ги подготвите.

Исто како и другите варени или печени јадења и остатоци од храна, веќе подготвените тестенини треба да се чуваат во фрижидер. Тоа е затоа што таквите тестенини содржат влага што на крајот ќе доведе до развој на мувла, а пониските температури го забавуваат процесот на нивниот рок на траење.

Еве колку долго ќе траат некои од најпопуларните видови тестенини во фрижидер:

Свежи домашни тестенини: 4 – 5 дена,
Свежи купени пченични тестенини: 1 – 3 дена,
Готвени пченични тестенини: 3 – 5 дена, Тестенини на
база на леќа, грав или грашок : 3 – 5 дена,
Тестенини без глутен: 3 – 5 дена,
Тортелини или други полнети тестенини : 3 – 5 дена,
Лазања или други подготвени тестенини со сос: 5 дена,

Секако, дури и ако тестенините биле во фрижидер помалку од препорачаното време, потребно е да се уверите дека нема знаци на расипување пред конзумирање.

Знаци дека тестенините почнуваат да се расипуваат

Еден од најважните знаци што укажува дека тестенините се пред истекување е тоа што станале лигави, што обично се случува пред да се појави видлива мувла. Исто така, може да забележите дека почнала да ја менува бојата и дека се појавуваат сивкасти или белузлави нијанси, а понекогаш се чувствува и непријатен мирис.

Што ако јадете расипани тестенини?

Може да почувствувате симптоми на труење со храна кои се движат од благи до тешки, во зависност од тоа што имало на тестенините што сте ги изеле. Според Healthline.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име