Дома Здравје Еве зошто треба редовно да јадете индиски ореви…

Еве зошто треба редовно да јадете индиски ореви…

971
0

Покрај тоа што се исклучително вкусни, индиските ореви имаат одлични хранливи својства и лесно се вметнуваат во вашата дневна исхрана. Тие го подобруваат здравјето на целиот организам и го намалуваат ризикот од низа болести.

Здравствени придобивки од индиски ореви

  1. Тие се одличен извор на витамини

Индиските ореви се многу добар извор на витамини К, Е и Б6. Витаминот К е важен за спречување на згрутчување на крвта и болести на кардиоваскуларниот систем. Витаминот А ја стимулира апсорпцијата на витамин К и има моќно антиоксидативно дејство. Витаминот Б6 е важен за одржување на здравјето и убавината на кожата, коските и ноктите.

  1. Тие се одличен извор на минерали

Индиските ореви се многу добар извор на бакар, железо, магнезиум и селен. Бакарот е важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем и заедно со железо учествува во формирање на црвени крвни клетки. Магнезиумот е вклучен во превенција на болести на скелетниот систем, а селенот има моќно антиоксидативно дејство.

  1. Тие се одличен извор на здрави масти

Индиските ореви се многу добар извор на здрави масти, поради што експертите ги препорачуваат на луѓе кои следат вегански тип на диета. Здравите масти го регулираат нивото на холестерол, го намалуваат нивото на лош и го зголемуваат нивото на добар холестерол. Исто така, здравите масти го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и срцев удар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име