Дома Здравје Еве зошто е здраво секое утро да земате по една лажичка маслиново...

Еве зошто е здраво секое утро да земате по една лажичка маслиново масло

7077
0

Еве зошто е здраво секое утро да земате по една лажичка маслиново маслo

Не е непознато дека маслиново масло е одличен извор на олеинска, линоленска и палмитинска киселина, како и добар извор на витамин Е, кој има моќно антиоксидативно дејство и е извор на незаситени масни киселини кои го штитат здравјето на целиот организам. Претходните истражувања покажаа дека маслиновото масло е одлично за здравјето, бидејќи го намалува ризикот од рак на дебелото црево, заболување на црниот дроб, хронично воспаление, астма, дијабетес и висок холестерол. Земањето маслиново масло секој ден може да го подобри вашето здравје и изглед, велат експертите.

За 4.000 години, маслиновото масло служело како платежно средство за медитеранските народи, во средниот век се користело наместо готовина. Го користеле како лек, козметичка состојка, а златарите полирале скапоцени камења со маслиново масло.

Маслинката е зимзелено медитеранско дрво со разгранета круна и кожести темнозелени листови кои се обновуваат на секои три години. Ова се само дел од ситуациите и примените на маслиновото масло.

Каснувања од инсекти

Измешајте една до две главици црвен кромид во 150-200 милилитри маслиново масло. Гответе околу еден час. Користете го ова за масажа на местата на пункција.

Болка во ушите

Натопете парче газа или малку памучна вата во млако маслиново масло и ставете го во увото што ве боли. Повторете неколку дена.

Против затвор

Наутро пред јадење земете 1-2 лажички маслиново масло. Дајте им на децата една лажичка масло наутро пред јадење.

Камен во бубрегот

Пет дена пред појадок, ручек и вечера земете една лажичка нерафинирано маслиново масло, а можете да додадете и малку сечкан магдонос.

Варење

Секое утро пред јадење земете една лажичка маслиново масло и ќе го решите проблемот со варењето.

По срцев удар

Мешавината од две лажички сечкани листови маслинка и една лажица листови нане и цветови од лаванда прелијте ја со 700 милилитри топла вода, оставете да отстои два часа, процедете и пијте по 100 милилитри на секој час.

Зајакнување на белите дробови

Направете мешавина од 250 грама маслиново масло, 250 грама шеќер исечкан на коцки и 250 грама сок од лимон. Оставете да отстои ден-два и земајте две лажици пред јадење неколку дена.

Кашлица, грло и зарипнатост

Земете една лажица маслиново масло три пати на ден, додека не исчезнат кашлицата, зарипнатоста или воспалението.

УВ зраци

Пред потемнување, намачкајте ја кожата со мешавина од маслиново масло и лимон или јаболков или вински оцет и оставете ја околу 25 минути да се впие во кожата.

Зајакнување на косата

Истурете една шака сув и ситно сечкан корен од чичок со малку 90 отсто алкохол. Оставете да отстои две недели. Додадете половина литар маслиново масло, покријте ја теглата со газа и оставете да отстои еден месец. Во случај на опаѓање на косата и првут, масирајте го скалпот еднаш неделно, а секојдневно мијте го со чај од корен од чичок.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име