Дома Твој готвач Домашно оризово чоколадо

Домашно оризово чоколадо

2032
0

Темно чоколадо со ориз кое вашите деца ќе го обожаваат.
Овој рецепт е одличен кога сакаме да јадеме нешто слатко, а немаме многу време за правење.


Состојки:

50 гр темно чоколао

50 гр какао путер

30 гр сурово какао во прав

70 гр шеќер

40 гр експандиран интегрален ориз


Подготовка:
Растопете ја темната чоколада и путерот на пареа. Исклучете го огнот, но оставете го садот на пареа додека не ги измешате сите состојки. Шеќерот сомелете го колку што можете поситно, по можност користете шеќер во прав (користете мелница за кафе за тоа). Додадете го во садот со чоколадата и путерот, додадете го сировото какао и сè заедно добро измешајте со жица за да се соедини.

Додадете го оризот и со шпатула измешајте сè нежно за целиот ориз да се покрие со чоколадо. Сè заедно префрлете го во калап, лесно измазнете го со шпатула за оризот подобро да се распореди и ставете го во фрижидер да се стегне.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име