Дома Твој готвач Домашни Фереро топчиња со само 4 состојки: Многумина велат дека се повкусни...

Домашни Фереро топчиња со само 4 состојки: Многумина велат дека се повкусни од оригиналот и се одличен избор за празнична трпеза

378
0

Домашни Фереро топчиња со само 4 состојки: Многумина велат дека се повкусни од оригиналот и се одличен избор за празнична трпеза

Доколку сте љубители на вкусни чоколади, сигурно не можете да им одолеете на топчињата Ferrero Rocher. А што ако ви кажеме дека можете да ги направите дома, со само четири едноставни состојки?

Овие домашни топчиња брзо се подготвуваат, не бараат печење, а многумина тврдат дека се и поубави од оригиналот! Со совршена комбинација на кремаста внатрешност, крцкав лешник и чоколадо, тие се одличен избор за празничната трпеза , како и за сите други посебни пригоди. Брзо ќе ги подготвите, а гарантираме дека сите ќе уживаат во нивниот неодолив вкус!

Неопходно е:

250 гр еурокрем
250 гр наполитанки со вкус на лешник
200 гр лешници
200 гр чоколадо

За посипување:

200 гр чоколадо
3 лажици масло
80 гр лешници

Подготовка

Испржете ги сите лешници во тенџере на тивок оган со постојано мешање. Кога ќе се изладат, одвојте 200 гр и сомелете. На покрупните наполитанки изрендајте. Растопете го чоколадото, па додадете го евро кремот и измешајте, па додајте ги лешниците и обландите и сè убаво соединете. Оставете ја смесата во фрижидер половина час.

После тоа, во поладна просторија направете топчиња – земете лажица од смесата (околу 20гр) и со подмачкани дланки формирајте топчиња, па наредете ги на хартија за печење што сте ја ставиле на плех. Кога ќе ги направите топчињата (добив околу 40), ставете ги во фрижидер. Потоа растопете ја чоколадата со масло, додадете 80гр ситно сечкани лешници и измешајте. Спуштајте по едно топче во чоколадото со лешници, извадете ги со вилушка за да се исцеди вишокот, па вратете ги топчињата во хартијата за печење. Повторно ставете ги во фрижидер малку да се стегне чоколадото.

Кога ќе се испржат лешниците, треба да се тркалаат малку меѓу дланките за да се отстранат снегулките. По желба во средината на секое топче можете да ставите по еден лешник, исто така пржен.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име