Многу вкусни плескавици која лесно се подготвуваат.
Состојки:
- 170 гр мелено телешко месо
- 170 гр мелено говедско месо
- 1 црвен кромид
- 1 чешне лук
- чили во прав
- слатка црвена пиперка
- сол, бибер
- масло
Подготовка:
Месото убаво измешајте го со зачините и ситно сечканиот кромид.
Ако сакате полуто, можете да додадете повеќе чили и обратно.
Обликувајте ги плескавиците и печете ги на добро загреана грил тава.
Послужете со салата по ваш избор.