Дома Здравје Дијабетесот предизвикан од Ковид може да биде привремен

Дијабетесот предизвикан од Ковид може да биде привремен

890
0

Според новите податоци, дијабетес развиен од пациенти со тешка болест Ковид-19 за време на хоспитализација може да биде само привремен, а нивото на шеќер во крвта може да се врати во нормала по закрепнувањето.

Истражувачите спровеле студија на 594 пациенти кои покажале знаци на дијабетес откако биле хоспитализирани поради Ковид, од кои на 78 испитаници претходно не им бил дијагностициран дијабетес.

Поблаги проблеми со шеќерот во крвта, но потешка форма на ковид се забележани кај многу пациенти на кои им бил дијагностициран дијабетес за време на хоспитализација, во споредба со пациентите кои претходно имале дијабетес.

Истражувачите објавија во Журналот за дијабетес и неговите компликации дека кај 40 проценти од пациентите на кои им бил дијагностициран дијабетес за време на хоспитализацијата, една година подоцна, нивото на шеќер во крвта паднало под границата за дијагноза. „Овие резултати сугерираат дека новодијагностицираниот дијабетес може да биде минлива состојба поврзана со акутен стрес предизвикан од инфекција со коронавирус“, рече д-р Сара Кромер од Општата болница во Масачусетс во Бостон.

„Резултатите од нашата студија укажуваат дека појавата на дефицит на инсулин, доколку воопшто се појави, не е трајна“, вели Кромер.

„На овие пациенти им е потребен само инсулин и други лекови за кратко време, поради што е исклучително важно лекарите внимателно да го следат текот на болеста за да утврдат дали и во кој момент нивната состојба ќе се подобри.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име