Дома Здравје Дигестивни проблеми? Решете ги природно…

Дигестивни проблеми? Решете ги природно…

869
0

Дури 30 отсто од луѓето повремено ја доживуваат оваа непријатна состојба, а меѓу нив најголем број се жените. Причините се во „седечкиот“ начин на живот, напнатоста и стресот, лошите навики во исхраната, но и промените во исхраната за време на одмори, празници или патувања. Освен со лаксативи, проблемот со варењето може да се реши сосема природно доколку внимавате што јадете и пиете.

  1. Што да се јаде?

Јадете храна богата со растителни влакна бидејќи растителните влакна ја задржуваат водата, отекуваат и механички го иритираат дебелото црево за да се испере. Тоа се круши, брокула, ленено семе, киви, моркови, варен компир, ананас, пуканки, портокали, овесна каша, трици.

  1. Што да се пие?

Водата е најдобар пријател на телото, а со тоа и на варењето. Најдобро е да пиете млака вода, вода богата со магнезиум, компот од суви сливи, но и чаеви. Чаевите кои делуваат како лаксатив се чај од глуварче, камилица, сено, нане, црн и зелен чај.

  1. Што да избегнувате?

Елиминирајте го чоколадото, млечните производи, црвеното месо, бананите, производите од бело брашно, пржената храна и грицките како чипс. Овие намирници имаат малку влакна и можат да предизвикаат дополнителни дигестивни проблеми.

  1. Масажа

Загрејте крпа и ставете ја на долниот дел на стомакот. Масажата исто така може да помогне. Со дланката нежно притиснете го стомакот на средина и масирајте го во насока на стрелките на часовникот.

  1. Движење

Една од причините за запек е недостатокот на физичка активност. Затоа повеќето луѓе го имаат овој проблем кога ретко излегуваат во текот на зимата. Лекарите советуваат да одвојувате најмалку десет минути дневно за вежби за истегнување кои ќе ги активираат стомачните мускули.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име