Дома Родители и деца Деца и полномасно млеко: Што е правилно?

Деца и полномасно млеко: Што е правилно?

1185
0

Иако во последно време има лоша репутација и на возрасните им се советува да не пијат млеко, на децата тоа многу им е потребно. Млекото е одличен извор на калциум, јод, витамини А и Б12 и масти, а мастите се клучни за задоволување на енергетските потреби на детето.

Децата на возраст од една до две години треба да пијат две до три шолји млеко дневно.

Постојат три извори од кои телото на детето добива енергија – млечни производи, протеини и јаглехидрати. На просечно двегодишно дете му требаат 80 калории по килограм тежина, повеќе отколку што му треба на возрасен.

Една неодамнешна студија објавена во The American Journal of Clinical Nutrition покажа дека децата кои пијат полно млеко имаат помала веројатност да бидат загрозени од децата кои пиеле обезмастено млеко.

„Не им препорачуваме на родителите да им даваат обезмастено млеко на децата, особено не на децата на возраст под пет години“, изјави Симон Стинсо, нутриционист во Британското друштво за исхрана , за Си-Ен-Ен.

Џонатан Мегваер од Универзитетот во Торонто и неговиот тим подготвуваат студија во која учествуваат 500 деца на возраст под пет години за да видат дали содржината на маснотии во млекото за пиење е клучен фактор за одредување на нивната тежина.

Ќе ги земе предвид навиките во исхраната на детето, почетната тежина и другите фактори кои можат да влијаат на исходот од студијата. „Бројни фактори влијаат на тежината на детето. Ова е комплексен проблем“, рече Мегваер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име