Дома Живот Десет минути вежбање на ден се доволни за здрав живот…

Десет минути вежбање на ден се доволни за здрав живот…

950
0

Десетминутно вежбање може да биде добро за вашето здравје, како и поминување часови во теретана. Истражувачите откриле дека дури и пешачењето до работа или чистење на домот може да ви помогне да изгубите вишок килограми и да го намалите холестеролот. Активности како што се косење трева или риболов, исто така, можат да го намалат ризикот од срцев удар.
Студија спроведена од Универзитетот во Бостон препорачува да вежбате 10 минути на ден и ќе забележите промена во вашето тело.
„Малку вежбање е подобро отколку без активност“, препорачуваат истражувачите.
Во експериментот учествувале 2.109 мажи и жени кои се близу 47 години. Повеќе од половина од нив биле дебели. Тие добија акцелерометар за следење на нивната секојдневна активност и одговорија на прашањата што прават во текот на денот.
Резултатите покажале дека оние кои вежбале малку изгубиле тежина и им бил намален холестеролот.
Вежбањето има големо влијание врз намалување на ризикот од добивање кардиоваскуларни болести. Докажано е дека чистењето на гаражата и домашните работи, играњето голф и џогирањето многу му помагаат на нашето тело.
Исто така, истражувачите истакнаа дека возрасните треба да вежбаат најмалку два часа и 30 минути неделно. Може да биде брза прошетка или 75 минути интензивно пливање.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име